ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ШТИП И КОЧАНИ: Одат во 30 дневен притвор
Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 18:27
Седумте полицајци од Штип и Кочани одат во притвор.
Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерки за обезбедување присуство против 7 лица, службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесoa решенија со кои:
„Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите 7 осомничени, им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и точка 3 кај одредени осомничени, односно Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и Околности кои укажуваат дека може да го повторат делото. Кривичното дело за кое се сомничат е поврзано со издавање согласности за функционирање на диско клубот во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди“, велат од судот.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




