18 Март, 2025
0.1763

СПЕЦИЈАЛНИТЕ КРЕВЕТИ ЗА ИЗГОРЕНИЦИ ЧИНАТ МЕЃУ 50.000 И 150.000 ЕВРА ПО ЕДИНИЦА: Колкава инвестиција е Центар за изгореници?

Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 07:43

Добивај вести на Viber

Македонија останува единствената земја во регионот без специјализиран Центар за изгореници, сурова реалност што повторно излезе на површина по трагедијата во Кочани, каде што во пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ животот им беше загрозен на повеќе од 150 млади луѓе. Критично повредените пациенти беа транспортирани во странство, со надеж дека таму ќе ја добијат неопходната нега што кај нас недостасува.

Лекарите алармираат дека третманот на лица со изгореници не подразбира само хируршки интервенции – тоа е комплексна медицинска нега што бара специјални услови, изолациони простории, напредна технологија и високообучен кадар. Без сето ова, пациентите се изложени на ризик од инфекции, шок и компликации што можат да бидат фатални. Ова го потврди и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој вчера нагласи дека првата фаза која подразбира итно згрижување на пациентите е успешно завршена, но како што рече, следува критичната – инфективна фаза.

– Ја совладавме хируршката фаза, сега доаѓа инфективната фаза. Пациентите имаат оштетување на кожата, мора да бидат третирани во стерилни услови.  Дури и да имавме центар за изгореници, ќе можевме да примиме 4-5 пациенти, но никако 100 или 150, рече Клековски, појаснувајќи дека во вакви случаи, кога станува збор за огромни несреќи, секоја земја мора да бара помош од странство.

Македонија имаше Центар за изгореници, но го затвори

Иако денес Македонија е единствената земја на Балканот без специјализиран Центар за изгореници, малкумина се сеќаваат дека таков центар постоеше, но функционираше само 16 години, од 2000 до 2016 година.

Беше отворен со странска поддршка, попрецизно, овој Центар за изгореници, сместен во поранешната Градска болница, во центарот на Скопје, беше донација од Јапонската влада. И покрај ограничениот капацитет од само четири кревети, таму се лекуваа пациенти со најтешки изгореници.

Сега, извори на Фактор, токму од старата градска болница, односно од сегашната Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, брифираат дека финансиските ограничувања се дефинитивно главната причина зошто Македонија нема специјализиран Центар за изгореници. Нашиот соговорник брифира дека е попрактично и пооправдано да се формира тим од обучен медицински персонал кој, со адаптација на постоечките болнички капацитети, би можел веднаш да реагира и да пружи медицинска нега во вакви ситуации.

„Кога станува збор за изгореници, не може да зборуваме само за повреди на кожата. Тука страда целиот организам, загрозени се повеќе органи, затоа е потребен мултидисциплинарен пристап. Најважно е да постои стручен кадар, кој знае како да реагира,“ вели соговорникот на Фактор.

Освен медицински тим обучен за вакви случаи, современ центар за изгореници бара и специјализирана опрема, без која третманот не би бил ефикасен.

„Тука не зборуваме за обична болничка соба со кревети. Потребни се посебни кревети за пациенти со изгореници, со механизми што овозможуваат прилагодување на телесната позиција за да се намали притисокот врз оштетената кожа. Исто така, овие кревети треба да имаат ладење и циркулација на воздух за да се спречи инфекција и дополнителни компликации. Покрај специјалните кревети, за ваков центар се неопходни и изолациони соби со контролирана температура и влажност, за да се спречи инфекција, преносливи апарати за прочистување на рани и третман со негативен притисок, кои го забрзуваат зараснувањето. Од исклучителна важност е опрема за кислородна терапија, бидејќи кај тешките изгореници често има оштетување на белите дробови. Секако неопходна е ласерска и хируршка опрема за трансплантација на кожа, единица за интензивна нега со апарати за следење на виталните функции, бидејќи пациентите со тешки изгореници имаат зголемен ризик од сепса и шок.

Колкава инвестиција е Центар за изгореници?

Според него, изградбата на модерен Центар за изгореници со целата неопходна опрема е огромна инвестиција, а цената зависи од големината на центарот, локацијата, бројот на кревети и нивото на технологијата што ќе се користи.

„За еден основен центар со 10 до 15 кревети, со неопходната опрема и персонал, би биле потребни најмалку 20 до 30 милиони евра. Доколку зборуваме за напреден центар со капацитет од 50 до 100 кревети и модерна технологија, тогаш трошоците се движат од 50 до 100 милиони евра. А ако сакаме врвен специјализиран центар по светски стандарди, со истражувачки оддел и најнови биопринтери за регенерација на кожа, тогаш сумата може да достигне и 500 милиони евра.“

Тој објаснува дека само специјалните кревети за изгореници чинат меѓу 50.000 и 150.000 евра по единица, додека опремата за интензивна нега, респираторите и хируршките дигитални системи се дополнителен огромен трошок.

Според него ова е преголема инвестиција за мала земја како Македонија, бидејќи вакви центри не се користат секојдневно и би било неоправдано најсофистицирана опрема да биде неискористена.

„Инвестиции во македонското здравство се секако потребни, но мора да се вложува онаму каде што е најпотребно, еве би ја посочил како пример Клиниката за онкологија, која што е преполна со пациенти.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) СОБИР ВО СКОПЈЕ ЗА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ: Oд алчност децата ги претворивте во пепел

(ФОТО) СОБИР ВО СКОПЈЕ ЗА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ: Oд алчност децата ги претворивте во пепел

ТОШКОВСКИ: Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ e уапсено

ТОШКОВСКИ: Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ e уапсено

ТОШКОВСКИ: Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката

ТОШКОВСКИ: Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката

НАПРАВЕНИ СЕ КОНТРОЛИ ВО ДРЖАВАТА: Во кои градови се откриени дискотеки без важечки лиценци?

НАПРАВЕНИ СЕ КОНТРОЛИ ВО ДРЖАВАТА: Во кои градови се откриени дискотеки без важечки лиценци?

ТОШКОВСКИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Повредени се 196 лица, a 18 се приведени

ТОШКОВСКИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Повредени се 196 лица, a 18 се приведени

ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ НЕКОЛКУ ВЛАДИЦИ И ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ: Кога ќе бидат погребани жртвите од пожарот во Кочани?

ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ НЕКОЛКУ ВЛАДИЦИ И ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ: Кога ќе бидат погребани жртвите од пожарот во Кочани?

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Соопштија каква е состојбата на повредените од Кочани кои се згрижени кај нив

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Соопштија каква е состојбата на повредените од Кочани кои се згрижени кај нив

„ПРОСТИ НИ ГОСПОДИ ЗОШТО СЕ ПРАВЕВМЕ ГЛУВИ И СЛЕПИ, А ЖИВЕЕВМЕ ТУКА И ГЛЕДАВМЕ И СЛУШАВМЕ...“ - тажна песна на новинарот Никола Стојанов за родното Кочани

„ПРОСТИ НИ ГОСПОДИ ЗОШТО СЕ ПРАВЕВМЕ ГЛУВИ И СЛЕПИ, А ЖИВЕЕВМЕ ТУКА И ГЛЕДАВМЕ И СЛУШАВМЕ...“ - тажна песна на новинарот Никола Стојанов за родното Кочани

„АНДРЕЈЧУК, МАЛКУМИНА ИМА КАКО ТЕБЕ“: Игор Џамбазов по трагедијата во Кочани емотивно се збогува со фронтменот на ДНК

„АНДРЕЈЧУК, МАЛКУМИНА ИМА КАКО ТЕБЕ“: Игор Џамбазов по трагедијата во Кочани емотивно се збогува со фронтменот на ДНК