ЗАКОНОТ: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА ВОДИ ЕВИДЕНЦИЈА НА УГОСТИТЕЛИТЕ КОИ ПОЧНУВААТ СО РАБОТА НА НЕГОВОТО ПОДРАЧЈЕ - премиерот: Ние не го штитиме градоначалникот

Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 13:46
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своите вчерашни изјави нагласија дека засега не можат да најдат вина кај, сега екс градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, кој, според нивните искази, немал вина што дискотеката работи нелегално.
Тој имал надлежност само во делот на легализација на тој објект, и тука немало отстапки во поглед на просторот, па затоа законски требало да го даде одобрението. Вака можат да се парафразира вчерашната изјава на министерот Тошковски.
Но, јавноста не престанува со реакции, па денеска на увид на властите им го извади членот 8 од Законот за угостителска дејност. Некои од реакциите во јавноста се дека очогледно, како што се пишува, премиерот и министерот, не го прочитале добро законот.
„Согласно член 8 од Законот за угостителска дејност Градоначалникот на општината, а во градот Скопје градоначалникот на општината на подрачјето на град Скопје, води евиденција на угостителите кои почнуваат со работа на нивното подрачје“, стои во законскиот текст.
Денеска премиерот Христијан Мицкоски демантираше дека неговата власт го штитити градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Папазов, инаку, пред да си ја даде вчерашната оставка, беше на градоначалничката функција три и пол години, по локалните избори во 2021 година.Согласно член 8 од Законот за угостителска дејност, градоначалникот на Општината, а во Градот Скопје градоначалникот на Општината на подрачјето на Град Скопје, води евиденција на угостителите кои отпочнуваат со работа на нивното подрачје.
Според премиерот, одговорноста на градоначалникот ќе ја утврди Обвинителството.
„Дали и колкава е одговорноста на градоначалникот ќе утврди Обвинителството. Градоначалникот во својата оставка напиша дека стои на располагање за сè, не бега, тука е. Денеска истражните органите ќе влезат и во Општината и ќе ги проверат сите документи. Ако вие пледирате дека тој е ВМРО па ние го штитиме, не, се лажете, никого нема да штитиме. Свети ВМРО да биде и јас да сум, родена сестра, брат да ми е, ќе одговара ако има било каква вина. Одговорност ќе има за сите. Ако е потребна морална одговорност, еве удрете по мене, јас сум тука и ќе се сносам со овој предизвик, но прво ќе ги поразам, како многу пати што сум ги поразил, а потоа на избори граѓаните ќе судат дали и кој треба да сноси одговорност. Свети ВМРО да е, ако направи грешка ќе одговара и тоа сме го покажале досега“, рече Мицкоски.
Од ОЈО информираа дека извршен е распит на градоначалникот, кој дал определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, велат од ОЈО.
„Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“, соопштија од ОЈО.
Фото: ЕПА
Можеби ќе ве интересира
ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите
Тошковски Кривични пријави за 34 физички лица, истрагата трае и понатаму

„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации

СЕГА БУЛДОЖЕР. СРАМНЕТЕ ТОА ШТАЛАТА СО ЗЕМЈА, ТРАГА ДА НЕ ОСТАНЕ ОД ТОЈ ПЕКОЛ: Лукреција Маљковиќ- Атанасовска ја трогна јавноста со порака за несреќата

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ, НО И ЧЛЕН НА ДНК СЕ МЕЃУ ОСОМНИЧЕНИТЕ - обвинителот Љупчо Коцевски со опсежни детали за несреќата
