19 Декември, 2025
0.0916

Ништо од договорот на годината-Нафтата падна!

Објавено во: Економија 18 Април, 2016 10:57

Добивај вести на Viber

Цената на нафтата падна за околу 5 одсто откако претставниците на богатите земји со нафта на состанокот во Доха не успеаја да договорат замрзнување на производството на нафта.

Барел американска лесна нафта изгуби на вредност 4,73 одсто и паднал на 38,45 долари, додека брентот паднал за 5,7 одсто, на 41,26 долари.

Акциите на енергетските компании претрпеа загуби, акциите на Сантос паднале на 6,71 одсто,  „Oil Search“ 4,15 проценти и „Woodside Petroleum“ 1,45 одсто. Јапонски „Inpex“ изгубил 3,52 проценти, додека акциите на „ Japan Petroleum“ паднала за 2,7 одсто.

Главните кинески нафтени играчи исто така паднале, акциите на „Sinopec“ за 2,02 одсто и „China Petroleum“ за 2,4 проценти.

Претставниците од богатите земји со нафта во неделата на состанокот во Доха не успеаја да договорат замрзнување на производството на нафта како би се избориле со огромната глобална понуда и да ги подгинат цените на црното злато, наведувајќ дека им е потребно додатно време за постигнување на договор.

На состанокот учествувале 18 водечки светски произведувачи на нафта, но не и Иран, членка на ОПЕК. Состанокот траел само неколку часа.

Агенциите оцекуваат дека непостогнатиот договор за замрзнување на производството на нафта нејаверојатно ќе предизвика пад на цените на нафтата.

Главната членка на ОПЕК, Саудиска Арабија, претходно повеќе пати порача дека нема да се согласи на замрзнување на производството се додека и нејзиниот клучен регионален ривал, Иран, не му се придружи на тој договор.

Официјален Техеран , на кој во јануари му се укинати санкциите, соопшти дека ќе бара исклучок од тој договор се додека неговото производство не достигне нивно на кое бил пред воведување на ембаргото на таа земја.

Состанокот во Доха беше продолжение на преговорите од февруари, кога членките на ОПЕК, Саудиска Арабија, Катар , Венецуела и нечленката Русја прв пат споменаа замрзнување на производството.

Пред овој состанок, ОПЕК предупред на влошување на состојбата со понудата на глобалниот пазар на нафта, а исто така ги намали проекциите на раст на светската побарувачка за нафта во оваа година.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?