19 Декември, 2025
0.0465

Ниската цена на нафтата – смислен удар за Русија?

Објавено во: Свет 08 Ноември, 2014 13:28

Добивај вести на Viber

Невообичаено ниската цена на нафтата силно удира врз руската економија, па затоа одредени аналитичари сметаат дека цената на нафтата паѓа како резултат на смислен договор меѓу САД и Саудиска Арабија за да и се зададе удар на Москва. Русија е третиот по големина производител, a втор  по големина извозник на нафта во светот. Со оглед на фактот дека државната фирма „Гаспром“ е најголем светски извозник на гас и ги одредува своите цени според нафтата, цените на нафтата и на гасот или ќе ја воздигнат, или ќе ја закопаат руската економија. Економскиот колапс на Русија во деведесеттите години на минатиот век во голема мера беше резултат на падот на цената на сурова нафта достигнувајќи 11 долари за барел во 1998 година. Русија не успеа да ги исполни своите обврски за исплата таа година, ги исцеди повеќето свои банки, а односот на државниот долг и на домашниот бруто-производ достигна 80 проценти. И тогаш повеќе руски и поранешни советски функционери веруваа дека САД успеале некако да ја урнат цената на нафтата за да ја осакатат Русија. Москба зајакна откако цените на нафтата пораснаа до 147 долари пред финансиската криза во 2008 година. Приходите од нафтата го симнаа рускиот долг во однос на БДП на 10 проценти, што и овозможува на руската Влада лагодна позиција да ги зголеми трошењата. Русија е ранлива на големи промени на цената на нафтата бидејќи речиси една половина од рускиот буџет е финансиран од приходи од извоз на енергија. Дека цената на нафтата се менува под политички влијанија смета и рускиот претседател Владимир Путин. „Во цената на нафтата секогаш е присутна и политичка компонента. И не само тоа, во одредени кризни моменти се добива впечаток дека политиката преовладува во формирањето на цените на енергенсите“, вели Путин во изјава за кинеските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја