Ниските пензии ги отсекоа островите од копно
Објавено во: Економија, Балкан 22 Септември, 2016
Траектите кои сообраќаат од грчките острови до копното ќе останат во пристаништата поради дводневниот штрајк на морнарите заради намалување на пензиите во рамки на економските реформи.
Траектите во Грција запреа со работа и соопштија дека нема да сообраќаат до сабота, пренесе АП.
Грција се обидува да ја опорави економијата со три кредити кои ги зема од ММФ и од земји од еврозоната во износ од над милијарда евра.
За возврат се бараат реформи од Грција и строги контроли од меѓународни инспектори.