16 Мај, 2024
0.8375

Ниско калоричниот геврек ги освојува срцата на Американците

Објавено во: Стил 18 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Американците имаат сериозни претензии кон  гевреците. Варени и тврди како оние во Њујорк? Или пак приготвени на пареа, меки и соодветни за сендвичи - така, како што ги преферираат повеќето Американци? Според главниот извршен директор на Einstein Noah Џефри О'Нил, цитиран од Businessweek, целата оваа полемика околу ѓевреците го  прави бизнисот со нив многу забавен. Во исто време има и доста предизвици. Пример нискокалоричен геврек. На прв поглед оваа комбинација звучи како оксиморон. Сигурно идејата е тешка за остварување. Но од Einstein Noah, која има над 840 продавници во САД, се решени да се испробаат. Целта е со ѓевреци да се направи она што Dunkin ' успеваат да постигнат со кампањата " America Runs on Dunkin ": да се инсталира на клиентите кои се хранат здраво, дека ова е токму за нив. Претходно овој месец Einstein Noah објави нови нискокалорични ѓевреци, откако претходно синџирот се обиде неуспешно да лансира Bagel Thins, за кои клиентите се пожалија дека се добри за сендвичи, но се премногу кревки за комбинација со потешки производи како крем сирење на  пример. Покрај тоа се појавија мислења дека производот не е доволно густ. Па од Einstein создадоа нова опција која е погуста и повеќе жилава - слично на вистинските гевреци. Во моментов тој е достапен под името "Thintastic Bagels", секој од нив содржи не повеќе од 160 калории. Иако некои клиенти се уште веруваат дека новите гевреци не се како "вистинските", фирмата може и ќе доживее  успех со нив, со оглед дека речиси 10% од нејзината продажба доаѓаат токму  од нискокалоричната храна во  менијата. Во девет од последните 12 месеци Einstein Noah регистрира скромно зголемување на продажбата. Од таму тврдат дека нискокалоричните менија се клучна компонента во нивниот бизнис  модел. О'Нил продолжува да стои цврсто зад здрав профил на менито, каде се забележува присуството на салати и јогурт. Тој дури смета дека успехот на сендвичот Nova Lox делумно се должи на перцепцијата на лососот како здрава риба. Можеби токму луѓето кои мислат на овој начин, ќе бидат убедени дека новите гевреци Thintastic се соодветна замена на оригиналниот вкус.   К.К.