19 Декември, 2025
0.0547

Ниту небото не е лимит за нив! Во која државна фирма просечната плата изнесува 2.500 евра?

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2023 13:27

Добивај вести на Viber

М-НАВ останува да биде државна компанија, природен монопол, со европски плати. За минатата година од вкупните приходи кои изнесувале 21,12 милиони евра на плати се потрошени 15,8 милиони евра. Тоа се такси за прелети на авиони во македонскиот воздушен простор со кој управуваат и диспечираат стручните лица од М-НАВ. Заради сложеноста на работата и стресот нивните плати се под европска директива. Тоа за македонски стандард значи недостижни 4.300 евра бруто плата месечно и додатоци односно просечни 2.500 евра нето месечно без додатоци

М-НАВ го контролира македонското небо, а европските директиви ги регулираат платите на нивните вработени. Нивните 305 вработени токму заради ова можат комотно да го носат епитетот гастарбајтери дома! Затоа што просечната месечна нето исплатена плата надминува 2.500 евра кога на неа ќе се додадат таканаречените други лични примања на вработените.

Тоа се податоци кои се јавно достапни и ги има во ревизорскиот финансиски извештај на М-НАВ достапен во регистарот на акционерски друштва на сегментот Слободен пазар на Македонската берза на следниот линк https://mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%9C-%D0%9D%D0%90%D0%92%20%D0%90%D0%94%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%20-%201.%20M-NAV_FS_2022_EUR_Final_mk20231031145203.pdf

Оваа компанија лани приходувала 21,13 милиони евра што е за 53 отсто повеќе од претходната година кога заради пост корона периодот прелетите беа помали од вообичаеното. Лани авиосообраќајот веќе се врати во нормала, а тоа веднаш се одрази и на приходите на вработените во оваа државна фирма.

Во структурата на приходи таксите од прелети изнесуваат 18,67 милиони евра, терминалните услуги учествуваат со 2,3 милиони евра.

На троковната страна доминираат платите. На нето плати друштвото лани потрошило 9,2 милиони евра. Кај државата завршиле 5,4 милиони евра од придонеси и даноци. Вработените од М-НАВ наплатиле и 1,16 милиони евра за други лични примања. Значи сума сумарум за вработените друштвото платило лани 15,8 милиони евра.

Р.Ф.

foto freepik.com/8photo

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии