05 Декември, 2025
0.4466

„Њу момент“ наградена со Гран при на фестивалот „Пиран идеја“ во Cловенија

Објавено во: Стил 03 Септември, 2013 14:53

Добивај вести на Viber

Гран при за спотот „10 метри одвоени“, на фестивалот „Пиран идеја“ во Словенија, освои македонската маркетинг-агенција „Њу момент – њу идеас компани“. Овој спот беше изработен за Владата на Република Македонија, а со него се промовира мир и разбирање меѓу муслиманите и христијаните преку заедничка молитва. За наградите во Словенија се натпреваруваа четиринаесет агенции во 13 категории, а жирито што одлучуваше кој ќе ги добие наградите, го сочинуваат креативните директори на компанијата-организатор. Меѓу нив се Рајан Рид од Дубаи, Педро Фереира од Португалија и Вики Џито од Италија, претседател на жирито. Освен натпреварувачки дел, фестивалот вклучуваше и настапи на повеќе говорници и презентации. Специјалното признание „Драган Сакан“ го доби Џејми Манделбаум, прв креативец на „Јанг енд Рубикам“ за централна и за источна Европа со седиште во Чешка. Петр Хавличек, главен извршен директор на компанијата „Њу момент“ од Белград, за централна и за источна Европа и прв човек на канцеларијата во Прага, ја издвои кампањата на „Њу момент – њу идеас“ од Скопје, „10 метри одвоени“, со која „Јанг енд Рубикам“ го освои првиот титаниумски лав на фестивалот на креативноста во Кан. - Ова е совршен пример за нашиот менталитет на „глобален бутик“. Тоа може да се случи само на мал пазар како овој. Навистина е локална, но идејата е поголема – подвлече Хавличек. Фестивалот го организира американската компанија „Јанг енд Рубикам“, а го посетија делегати од 14 земји од централна и од источна Европа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: