„ЊУЈОРК ТАЈМС“: Неколку лица меѓу кои и екс македонски министер вмешани во злоупотреба со заштитни маски
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Мај, 2020
Неколку лица, меѓу кои и поранешен министер од Македонија, се вмешани во злоупотреби на мултимилионска набавка на заштитни маски за потребите на градот Њујорк, пишува „Њујорк тајмс“.
Според весникот, глава на операцијата бил извесен продавач на половни автомобили, а учествувале и поранешен министер во македонската влада и раководител на фирма која имала намера да се занимава со производство на електрична енергија од медицински отпад.
Препродавачот на автомобили Роналд Романо се претставувал како застапник на брендот за заштитни маски „3М“ и на градските власти во Њујорк им понудил 7 милиони маски, но по цена 400 пати повисока отколку реалната.
Заштитни маски, кои очајно ѝ биле потребни на општинската управа на Њујорк за да ги обезбеди медицински работници, полицијата и останатите служби, требало да бидат платени за сума од 45 милиони американски долари.
Како што пишува весникот, препродавачот на автомобили Роналд Романо е веќе уапсен и се товари за две други криминални дејствија поврзани со електронско-финансиски измами.
Во обвинението против Романо напишано на 25 страници се споменуваат и други лица кои се поврзани со неговите зделки, но тие не се посочени со име и презиме. Сепак, врз основа на многубројните податоци од обвинението, доброупатен извор од истрагата на новинарот од „Њујорк тајмс“ им го обелоденил идентитетот на осомничените.
„Њујорк тајмс“ објавува приказна за измама во која е вклучен и поранешниот македонски министер за привлекување странски инвестиции во владата на Никола Груевски, Глигор Ташковиќ. Тој до неодамна беше и член на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот за иновации и технолошки развој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.