НЛБ Банка во 2024 година: Силен раст на камати, кредити и депозити!
Објавено во: Економија 31 Јануари, 2025 07:40
Добивката на НЛБ Банка за 2024 година изнесува 53,6 милиони евра и во споредба со претходната година книжи раст од 2,4 отсто. Вкупните оперативни приходи на НЛБ Банка лани изнесувале 113 милиони евра, а вредноста на активата пораснала за 12,7 отсто и достигнала 2,13 милијарди евра
Акционерите на НЛБ Банка можат да бидата задоволни од резултатите што им ги подготвија менаџментот и вработените на оваа системски значајна банка за 2024 година. Растат нето приходите од камати и од провизии и тоа со двоцифрени стапки, а значајно е зголемено и кредитирањето како кај населението така и кај корпоративните клиенти.
Исто така драматично, во позитивна смисла на зборот, пораснале и депозитите на домаќинствата како и средствата на сметките на корпоративните клиенти. А дури за 30 отсто се зголемени пласманите на НЛБ Банка во хартии од вредност односно во државни обврзници.
Капиталот на банката на крај на 2024 година достигна ниво од 301 милиони евра што е за 10,5 отсто повеќе од 2023 година, а активата достигна 2,13 милиони евра, а тоа е раст од 12,3 отсто. Сите параметри кои се значајни уверуваат дека акционерите на банката не смеат да не бидат задоволни. Како од пазарната позиција на друштвото така и од вкупниот резултат постигнат во годината што остана зад нас.
Најголема приходна ставка остануваат нето приходите од камати и тие изнесуваат 75,45 милиони евра, а во однос на 2023 година се повисоки за 10,9 милиони евра.
Втора најголема приходна ставка и понатаму се нето приходите од провизии и надоместоци кои изнесуваат 25,16 милиони евра што е за 3,6 милиони евра подобро од 2023 година.
Од курсни разлики банката нето приходувала 5,3 милиони евра, а уште 7 милиони евра се останати приходи од дејноста. Тоа значи дека сума сумарум НЛБ банка лани остварила оперативен вкупен приход вреден 113 милиони евра.
Резервациите кои банката ги чува за ризични пласмани на крај на 2024 година изнесуваат 5,4 милиони евра и се неспоредливи со претходната 2023 година на крајот од која банката дури и ослободила средства кои биле резервирани.
Но со оглед на кредитната активност не чуди износот на резервации. Банката знајачно го зголемила кредитирањето и тоа изнесува 1,37 милијарди евра на крај на 2024 година што е за 13,7 отсто повеќе од крајот на 2023 година. При тоа кај населението кредитирањето пораснало 9,7 отсто, а кај корпоративните клиенти 18,8 отсто.
За своите вработени банката лани издвоила 20,6 милиони евра што е за 1,6 милиони евра повеќе од 2023 година.
Добивката на крај на 2024 година изнесува 53,6 милиони евра и е за 2,4 отсто повисока од претходната година.
Значајно е од билансот на состојба да се истакне дека банката значајно односно за 30 отсто го зголемила вложувањето во државни хартии од вредност и на крај на 2024 година нивната вредност во портфолиото на банката достигнала 335,8 милиони евра.
Депозитите на клиенти (компании и домаќинства) на крај на 2024 година достигнале ниво од 1,74 милијарди евра што е за 15,5 отсто повеќе од претходната споредбена година.
Н.С.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




