Нокиа наесен ќе пушти на пазарот фаблет
Објавено во: Стил
30 Август, 2013 12:29
Добивај вести на Viber
Нокиа планира да пушти 6-инчен фаблет, со оперативен систем Виндоус, кој во моментов го носи името Бандит. Cпоред прогнозите, се очекува производот да биде претставен наесен.
Фаблет е вид на смартфон со големина на екран помеѓу 5.0 и 6.9 инчи, и ја комбинира функционалноста на смартфон и таблет, а ја елиминира потребата од користење на двата одделни уреди.
Очекувањата се тој да се појави како Nokia Lumia 1520. Иако од компанијата се уште не ја потврдиле оваа информација, постојат слики на интернет, за кои, според cnet.com. се токму слики од новиот модел.
Процесорот најверојатно ќе биде quad-Qualcomm Snapdragon, а екранот ќе има резолуција 1080 р. Се очекува тој да е лесен и тенок со 20-мегапикселна задна камера.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: