05 Мај, 2024
0.0686

Ноќевањето – најскапо во Лондон

Објавено во: Стил 22 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Кога станува збор за хотелски престој во Европа, најскапо е во Лондон. Во престолнината на Велика Британија за хотелска соба потребно е да одвоите околу 116 фунти, однсно 140 евра.

Хотелските услуги во Лондон поскапеа за 13 одсто во однос на минатата година, поради што сега се рангира како најскап во Европа кога станува збор за вакви услуги, покажа истражувањето на англиската компанија „ХРС корпорејт“

Па, ако сакате да „поминете“ нешто ефтино на патувањата, престолнината на Велика Битанија не е баш добра дестинација. Според истражувањата на оваа компанија, после Лондон кој е лидер на вискоите цени за хотелско престојување, се наоѓаат Цирих и Москва, каде ноќевањето во еден хотел во просек изнесува 111 фунти, односно околу 135 евра.

Исто така, Единбург е на второ место по висината на цената на хотелско сместување кога станува збор за Велика Британија, а најефтин е Ливерпул, каде една ноќ во хотел чини околу 69 фунти (85 евра)

Од друга страна, најефтини хотелски соби во Европа може да се најдат во Будимпешта каде просечната цена изнесува околу 66 евра. Меѓу дестинациите со поволен хотелски смештај се Прага, Лисабон и Варшава.