Нора Шакири е разрешена од позицијата директор на Театар Комедија? - ТАА НЕ ПОТВРДУВА И НЕ ДЕМАНТИРА
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021
Дали е разрешена Нора Шакири од позицијата директор на Театар Комедија?
Во јавноста проструија такви неофицијални информации, на кои засега се уште нема потврда.
Фактор се обрати до Нора Шакири со прашањето дали е точно дека е сменета од позицијата директор, но таа не одговори на нашата порака.
Инаку, како што е познато, претходниве денови се појавија информации дека во Театар Комедија влегла вонредна инспекциска контрола, по пријава дека директорката Нора Шаќири-Марковиќ вршела мобинг и психичко вознемирување врз вработените во театарот.
Тогаш таа за порталот „Локално“ изјави дека нема коментар за ситуацијата.
Дел од јавноста се прашува дали оваа информација, се разбира доколку е точна, е поврзана со кандидатурата на нејзиниот брат Бени Шакири за градоначалник на Скопје, како кандидат поддржан од партиите ЛДП и ДОМ.