Нов биланс: Четворица починати, едниот имал 41 година
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Мај, 2020
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, а во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, од кои 19 нови случаи на ковид-19. Починати се четворица пациенти, информира Министерството за здравство.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје која имала 65 години примена на 11 мај, но и пациент од Скопје кој имал 71 години хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово - 73 години во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Прилеп кој имал 41 година кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1858, бројката на оздравени пациенти е 1367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.