Нов биланс: Дури 127 новозаболени, тројца починале
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2020
Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, информира министерот Венко Филипче. Од нив од Скопје се 67, од Штип се 33, тетово 10, Куманово 1, Дебар 1, Струга 5, Охрид 6, Кочани 2, Пробиштип 2. Во исто време од КОвид-19 починале тројца пациенти.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.