Нов бран банкротства: Ќе се затворат третина од кафулињата
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2024
Во Германија има повеќе од 5.000 шиша-барови, пишува списанието Fenix
Пушењето наргиле беше модерно во Германија со години, а во германските градови се отвораа се повеќе шиша-барови. Но, сега се менува односот на јавноста кон шиша баровите.
Најновите прописи за пакување, кои стапија на сила во средината на 2022 година, приближно ја удвоија цената на тутунот за наргиле со катастрофални последици за тутунската индустрија.
Наместо да купуваат поскап, легален тутун, се повеќе потрошувачи се свртуваат кон опасни производи на црниот пазар и се почесто пушат дома наместо во кафулиња.
„Доколку оваа регулатива не биде укината, една третина од сите шиша-барови во Германија може да бидат затворени до крајот на годината“, рече Фолке Рега, директор на Здружението на производители на тутун за наргиле.
Фото: Принтскрин/Твитер