НОВ БРАН ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС: СЗО најави дека опасноста доаѓа во зима
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Мај, 2020
Во зима се очекува повторно да има голем број заразени од Ковид 19.
Директорот на Светската здравствена организација во Европа, Ханс Клуге изјави дека втор посмртоносен бран на коронавирусот ќе има, но не во есен, туку во зима.
Тој кажа дека европските земји мора да се подготват за опасноста, затоа што пандемијата не е завршена. Клуге порача дека сега е „време да се подготват, а не да слават“.
Како нови жаришта ги спомена Русија, Украина, Белорусија и Казахстан.
Вели дека тоа што се намалил бројот на заразени лица во земјите како Велика Британија, Франција и Италија, не значи дека пандемијата ќе заврши брзо.
Повеќе од 100 држави го поддржаа барањето на Австралија, да се направи меѓународна истрага за потеклото на Ковид-19.
САД претодходно тврдење дека вирусот е произведен во лабораторија, и дека за тоа имаат докази.Претходно, се говореше дека нов бран на заразени со коронавирусот може да се очекува наесен.
Вирусот се појави лани во Кина, по што се прошири во светот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.