НОВ ЦРН БИЛАНС, НАЈМНОГУ НОВОЗАРАЗЕНИ ДОСЕГА: Филипче потврди - дури 89 нови случаи, седум починати
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2020
Денеска во земјава се регистрирани нови 89 позитивни случаи на коронавирусот, пренесуваат медиумите.
Од Институтот за јавно здравје за МИА изјавиле дека во изминатото деноноќие починале седум лица инфицирани со ковид-19.
На фејсбук информациите ги потврди и министерот за здравство, Венко Филипче. Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19. Во Скопје се регистрирани 35 случаи, Куманово 12, Штип 27, Прилеп 1, Тетово 7, Гостивар 1, Струмица 1, Кочани 4 и Свети Николе 1. Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје 2, Прилеп 12 и Велес 3. Досега во земјата се направени вкупно 30.302 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.315, бројката на оздравени пациенти е 1.569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.
Велат дека Комисијата денеска ќе заседава цел ден и не криејки го револтот информираат дека ќе носат нови препораки кои ќе бидат ригорозни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.