19 Декември, 2025
0.1655

Нов историски износ-Јавниот долг достигна 4,33 милијарди евра

Објавено во: Економија 28 Април, 2016 15:37

Добивај вести на Viber

Само во Република Македонија е можно за три месеци да се зголеми јавниот долг за 105 милиони евра, а секторот за јавен долг и Министерството за финансии со манипулации да се  обидат да прикажат дека јавниот долг се намалил, обвинува дополнителниот заменик министер во оставка, Кире Наумов, за износот на јавниот долг на Р.Македонија заклучно со март 2016. Наумов вели дека никаде во светот износот на јавниот долг како процент од БДП во соодветниот квартал, не се пресметува во сооднос со проекцијата за растот на БДП до крајот на годината, туку се пресметува врз основа на податоците за последните четири квартали. „Во нормални околности износот на проектираниот БДП во овој момент треба да изнесува 9.176,3 милиони евра, како збир на предвидениот БДП од  прв квартал од 2016 година со соодветниот раст и реализациите од вториот, третиот и четвртиот квартал од 2015 година“, додава тој. Новиот историски износ на јавниот долг од  4,33 милијарди евра е всушност 47,2% од БДП.  

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?