19 Декември, 2025
0.0401

Нов план за стабилизација на Кипар

Објавено во: Свет 20 Март, 2013 18:37

Добивај вести на Viber

Се готви нов план за стабилизирање на финансиската ситуација во земјата кој предвидува користење на активите од фондовите за социјално осигурување, јавија локалните медиуми кои посочуваат дека планот го прават кипарската Влада и Централната банка. Според првите најави, новиот план треба да и помогне на земјата да ја собере сумата од пет милијарди евра, додека една милијарда евра властите ќе собираат преку размена на дел од банкарските депозити со обврзници, кои ќе се плаќаат со приходите од експлоатацијата на подводните наоѓалишта на гас. Се очекува во текот на денот овој план да и бид претставен пред меѓународната кредоторска тројка. Инаку за вечерва е закажана вонредна седница на кипарскиот Парламент на која ќе биде разгледан новиот предлог на тројката, јавуваат кипарските медиуми. На седницата ќе бидат разгледани два нацрт-закони. Едниот предвидува воведување на еднократна мерка за ограничување на „излевањето“ на капитал, откако банкарскиот систем на Кипар ќе се врати во нормала. Вториот предлог е поврзан со преструктуирање на банкарскиот систем на Кипар со делба на лошите активи во посебна структура наречена „лоша банка“, која ќе подлежи на ликвидација.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја