Нов прирачник за примена на даночните прописи во Македонија
Објавено во: Економија 03 Април, 2013 14:19
Прирачник за примена на даночните прописи во Република Македонија денеска промовираа Управата за јавни приходи и Службен весник на Република Македонија, кој е прв заднички проект на овие две институции.
Целта е на што е можно повисок степен на јасно и разбирливо изложување да ја презентираат материјата содржана во законите.
Според директорот на Управата за јавни приходи ова е современа алатка наменета за секој кој е засегнат со даноците дали како физичките лица, претпријатијата, правник... Очекува таа да стане еден од позначајните извори за запознавање и упатување во даночната проблематиката.
Трајанов потенцира дека ова е прв заеднички труд на двете институции и посочи дека во иднина ќе продолжат да ги следат потребите на граѓаните и да им излезат во пресрет со цел поквалитетно вклучувае и реализирање на обврските.
Публиката содржи збирка интегрални редакциски пречистени текстови на Законот за данок на добивка, Законот на данокот на додадена вредност и Законот за персоналниот данок на доход, вклучувајќи и водич за нивна правилна примена со објаснувања и практични примери. Наменет е за сите заинтересирани даночни обврзници, стручната јавност, консалтинг куќите и сметководствените бироа, кои имаат потреба од толкување за правилна примена на одредбите на дел од законите кои ја регулираат даночната материја.
Следен чекор е Публикацијата да се преведе, со цел да кориси и за странските инвеститори.
Трајанов на денешната прес-конференција информираше дека Службен весник почна да го реализира проектот за електронска база на прописи и оти веќе се поставени 100-тина редакциски пречистени текстови на закони.
Тој додаде дека Базата ќе продолжи да се надополнува и оти во текот на годинат аќе почне и реализацијата на втората фаза со поставување пречистени текстови на важечките закони со објаснувања и коментари од експерти, во зависност од тоа на која област од правото се однесуваат.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




