Нов шок за грчките работници – укинати им се платените денови за седење пред компјутер
Објавено во: Балкан 13 Септември, 2013 19:04
Уште еден удар за грчките работници. Имено, владата на Грција одлучи да им ги укине бенефициите на вработените во јавната администрација , а со кои досега сите работници кои работат на компјутер добиваа дополнителни шест дена платен годишен одмор.
Ваквата привилегијата, со која работниците кои пред компјутер мора да поминуваат повеќе од пет часа дневно ќе добијат дополнително по еден слободен ден на секои два месеци, беше воведена е на 12 јуни 1989 година, кога компјутерите почнаа да се воведуваат во државниот сектор.
Како што сега пишуваат грчките медиуми- одлуката за укинување на привилегијата е мал, но симболичен чекор кон модернизација на застарениот јавен сектор кој допрва ќе трпи промени.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




