17 Мај, 2024
0.0252

Нов тренд на италијанската полиција – под истрага модната куќа „Прада“

Објавено во: Стил 10 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Најпрвин „Долче и Габана“, а сега и „Прада“ - италијанската полиција бара затајувачи на данок меѓу светски познатите модни дизајнери. Дизајнерката Мијучиа Прада и нејзиниот сопруг Патрицио Бертели, директор на модниот холдинг, се под истрага на миланските власти за избегнување на даночните обврски. Портпарол на адвокатите кои го застапуваат холдингот Прада изјавил оти двајцата не биле информирани дека против нив се води истрага. Компанијата во декември ја исполнила обврската за доброволно пријавување данок и имала намера да ги врати во Италија средствата кои до сега ги чувала во земјите со ниски даноци - Холандија и Луксембург. Холдингот Прада е последен во низата на светски познати компании кои се под лупата на италијанските даночници, кои стануваат поактивни откако економската криза драстично ги намали приходите во буџетот. Во јуни, модните дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана заработија условни казни затвор од 20 месеци и беа принудени да платат висока парична казна заради даночно затајување.