19 Декември, 2025
0.0393

НОВ ЗАКОН: Ќе се олеснува поставувањето на фотоволтаици на кров, домаќинствата ќе имаат право до 10 киловати

Објавено во: Економија 06 Август, 2025 12:23

Добивај вести на Viber

Министерството за енергетика подготвува ново законско решение со кое ќе се зголеми прагот за кровните фотоволтаици на домаќинствата или потрошувачите-производители до 10 киловати, дознава „Фактор“.

Истовремено ќе се скрати рокот за издавање на дозволи за инсталација на кровни фотоволтаици. За првпат во законската регулатива се предлага да се воведе законски рок за административната постапка за издавање на дозволи за поставување на кровни фотоволтаици за потрошувач – производител. 

Овие измени се предвидуваат во предлозите за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги објави на ener.gov,mk. 

Рокот од еден месец ќе се однесува на постапката за издавање дозвола за поставување соларна опрема со капацитет до 100 киловати, како и за потрошувач-производител на обновлива енергија и за заедници на обновлива енергија. Со измените потрошувачите-производители добија повисоки прагови за своите електрани и тоа за домаќинствата лимитот е до 10 киловати, а компаниите до 70 киловати.

Со предлог измените се поедноставува и постапка за приклучување на електродистрибутивната мрежа на потрошувач-производител  кој користи обновливи извори на енергија. 

- Доколку при анализа на условите за приклучување се утврди дека не е можно приклучување на предложената локација, операторот на електродистрибутивниот систем е должен во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето за приклучок, писмено да го извести барателот и да му предложи алтернативна точка за приклучување, врз основа на технички и безбедносни причини или некомпатибилност на компонентите на системот. Операторот на електродистрибутивниот систем е должен да го приклучи енергетскиот објект на електродистрибутивната мрежа во рок од еден месец од официјалното потврдување на комплетноста на поднесената документација. Доколку операторот на електродистрибутивниот систем не се произнесе во рокот од мрежните правила се смета дека согласноста за приклучување е дадена, објави предлагачот.


Министерството предлага и 20-годишна стратегија за реновација на станбени, јавни и комерцијални згради со енергетски ефикасни решенија. Односно, Владата, на предлог на МЕРМС  донесува  и долгорочна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради, со која овие градби и стамбени и деловни објекти ќе ги трансформира   во високо енергетски ефикасни објекти со речиси нулта потрошувачка, со можност за широка интеграција на обновливи извори на енергија (ОИЕ), како што се соларните системи. 

Тројно ќе се зголеми и заштедата во јавниот сектор, односно МЕРМС во соработка со Службата за општи и заеднички работи при Владата подготвува  и предлог план за реконструкција на згради кои се користат во јавниот сектор, и тоа со реконструкција на најмалку 3 отсто од корисната подна површина на зградите годишната заштеда на енергија се зголемува од 1 на 3 проценти. Ова се однесува на објекти со вкупна корисна подна површина  над 250 квадратни метри кои не ги исполнуваат минималните барања за енергетски  карактеристики, а кои се користат од страна на лицата од  јавниот сектор на државно ниво. 

Инсталацијата на соларни колектори за топла вода во новите јавни објекти или при значајна реконструкција на објекти станува задолжителна, доколку е технички и економски изводливо.

МЕРМС воспоставува и финансиски механизми, јавни повици и едношалтерски систем за поддршка на проекти за енергетска ефикасност и ОИЕ, овозможувајќи инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии, како механизми за постигнување на целите на Стратегијата за реконструкција.

Јавниот сектор се обврзува да набавува производи, возила и згради со највисоки енергетски и еколошки стандарди, вклучувајќи сертификати за енергетски карактеристики, промовирајќи технологии со низок јаглероден отпечаток. 

Измените влијаат и креирање можност за меѓуопштинска соработка за локален развој во општини со помалку од 15.000 жители. Тие можат да формираат заеднички тела за програми за енергетска ефикасност, и со усвојување на програма за енергетска ефикасност ќе добијат пристап и до Фондот за енергетска ефикасност. 


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии