29 Април, 2024
0.0315

Нов Зеланд е мека за жените со кариера

Објавено во: Стил 08 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Ако сте жена што работи, ќе биде најдобро да се преселите во Нов Зеланд или ако ви е премногу далеку, може да се обидете во една од скандинавските земји, пишува списанието "Економист", цитирано од светските агенции. Овие земји се најдобро место за живеење за жени кои работат и имаат кариера. На 2-ро и 3-то место се рангирани Норвешка и Шведска. За да го одбележи денешниот меѓународен ден на жената, списанието подготви свој индекс на "стаклен таван", т.е. на пречките со кои се соочуваат жените во бизнисот по патот на својата кариера и развој. Со овој индекс изданието покажува каде жените имаат најголеми шанси да бидат третирани рамноправно на работното место. Според анализа на Еуростат за разликата во платите помеѓу половите во земјите на ЕУ се регистрира сериозен дисбаланс помеѓу платите на мажите и жените. Разликата во платите меѓу мажите и жените во ЕУ варира во рамките на 25 процентни поени - најнизок опсег е во Словенија со 2 %, а највисокиот - во Естонија со 27 %. За Бугарија разликата во платите меѓу мажите и жените се движи околу 12 отсто, што ја става земјата во средината на оваа своевидна рејтинг за ЕУ-27. Врз основа на податоците главно од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) "Економист" споредува пет показатели во 26 земји: бројот на мажите и жените со високо образование, уделот на жените како дел од работната сила, разликите во платите меѓу мажите и жените , уделот на жените на високи раководни позиции и чистите трошоци за одгледување на дете спрема просечната плата. Нов Зеланд води на листата во сите индикатори. На второ место се наоѓа Норвешка, на трето - Шведска, на четвртото - Канада, а на петтото - Австралија. Јужна Кореја е на дното на листата, а пред неа се Јапонија и Швајцарија. По критериумот за образование најдобро позиционирана е Финска. Во Шведска е најголем уделот на жените во вкупната работна сила со 78 проценти, наведува "Економист". Во Шпанија разликата во платите меѓу мажите и жените е најниска - 6 проценти. Лошото рангирање на Јужна Кореја и Јапонија делумно се објаснува со тоа дека малку жени заземаат високи раководни позиции, иако новиот јужнокорејски претседател да е жена, наведува весникот