Нов земјотрес во Иран - има ли жртви?
Објавено во: Свет 21 Декември, 2017
Земјотрес денеска ја погоди западната иранска провинција Керманшах, во близина на границата со Ирак. Сѐ уште нема извештаи за жртви.
Потресот бил со јачина од 5,2 степени. Спасувачки тимови се испратени во градот Хубанан, каде што бил епицентарот на земјотресот.
Минатиот месец, 620 лица загинаа, а илјадници беа повредени во силен земјотрес со јачина од 7,3 степени во провинцијата Керманшах во Иран.
Годинава земјата беше погодена од повеќе силни земјотреси.