Нова „бомба“: Николоски и Јанакиески договараат сообраќајна несреќа за да не гласаат Албанци
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2020
Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, и Александар Николоски, еден од носителите на кандидатските листи за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, според нивните гласови во нова аудио-снимка, договараат евентуална симулација на сообраќајна несреќа за да не можат да гласаат етнички Албанци на локалните избори во 2013.
Ова може да се слушне од материјалот објавен на Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ а станува збор за постара аудио снимка од телефонски разговор. Според конверзацијата, Јанакиески му предлага на Николоски да организираат сообраќајна незгода на превојот Пресека на патниот правец Кичево – Охрид. Гласачите претходно требало со два авиони да слетаат на охридксиот аеродром.
„Александар слушај сега, идеја со Горде ја зборевме. Има два авиони Шиптари слетуваат сега во четири-четири и пол. Да направиме една сообраќајна несреќа кај Пресека, ситна. Да се коли, па МВР увид, ваму-таму, трактор да се испреврти, нешто, сериозно ова ти го зборувам“, му вели во еден момент Јанакиески на Николоски.
Николоски ја прифаќа оваа идеја, а замислата е некој член од ВМРО-ДПМНЕ да удри во трактор со возилото, а сето тоа треба да го организира локален организатор од Кичево.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.