15 Декември, 2025
0.0884

„Нова фаза во развојот на преносната инфраструктура“: МЕПСО пушти во пробна работа нов трансформатор

Објавено во: Економија 13 Септември, 2025 20:50

Добивај вести на Viber

Новиот  400/110 kV трансформатор во ТС Дуброво со моќност од 300 MVA, со успешно завршената монтажа и ставање под напон, од денеска е пуштен во пробна работа и по еден месец треба да биде интегриран елемент во електроенергетскиот систем. 

АД МЕПСО соопшти дека дека овој чекор е резултат на посветената работа на стручниот тим на нивната подружница ОПМ, како и дека проектот е реализиран според планираната динамика и според сите технички стандарди, од транспорт и монтажа, до тестирање и вклучување на трансформаторот.

Денешното ставање во пробна работа на новиот трансформатор означува нова фаза во развојот на преносната инфраструктура особено во услови на зголемена потрошувачка на електрична енергија и се поголема потреба за интеграција на обновливи извори на енергија (ОИЕ), велат од МЕПСО.

Клучни придобивки од инвестицијата се, наведуваат, подобрување на напонските прилики во регионот, поголема стабилност и флексибилност на преносната мрежа, поддршка за развој на нови капацитети од ОИЕ, квалитетно и континуирано снабдување со електрична енергија за домаќинствата и стопанството. 

- ТС Дуброво е еден од клучните енергетски јазли во земјата. Со новиот трансформатор, постројката добива значително зголемена сигурност и доверливост, што ја прави подготвена за идните предизвици, поголем економски раст и развој, транзиција кон зелена енергија, регионална поврзаност и подобар животен стандард. Пробната работа е дел од стандардната процедура при пуштање на вакви електроенергетски уреди и трае еден месец по што и официјално влегува како интегриран елемент во електроенергетскиот систем, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година