06 Декември, 2025
0.0265

Нова година за богаташи

Објавено во: Стил 30 Ноември, 2013 21:00

Добивај вести на Viber

Додека ние, "обичните смртници", размислуваме што да им подариме на нашите најсакани за претстојните празници и во дилема сме дали да подариме албум, пакетче или пак можеби некое кратко патување, милијардерите ширум светот не штедат кога станува збор за подароци. Иако економската криза го потресе целиот свет и нејзините последици уште се чувствуваат, компаниите кои што продаваат луксузни нешта и понатаму заработуваат многу пари, особено во периодот пред празниците. Во продолжение прочитајте кои најскапи подароци можат да ги подарат оние со "малку подлабок џеб"... Јахта од 200 милиони фунти Оваа јахта може да си ја дозволи некој милијардер, а на неа ќе има вистински тропски рај. Јахтата изгледа како остров, има и вулкан и водопад, базен, плажа, хеликоптер и хелиодром, како и спа центар. Оној кој би ја имал оваа јахта, нема потреба да си купува цел остров... Миризлива свеќа од 4,000 фунти Би можело да се каже дека оваа свеќа може да ја купи оној кој е толку богат, што не би му претставувало проблем да ги запали своите пари. Свеќата мириса на шампањ, а е украсена со бело злато и 38 дијаманти од 14 карати. Пенкало од 850,000 фунти На директорите, претседателите и луѓето на важни позиции им е важно со што ќе се потпишуваат, но ретко кој би дал 850,000 фунти за пенкало со дијаманти од 24 карати. Скара од 7,000 фунти Со оглед на тоа што богатите луѓе најчесто имаат готвачи и слугинки, ретко кој од нив воопшто влегува во кујната. Но, доколку некој богаташ се одлучи самиот да подготви јадење, тогаш тој купува ваква скара од 7,000 фунти која ја дизајнирала компанијата "Porsche". Штикли од 140,000 фунти Припадничките на џет-сетот најмногу ги сакаат кондурите од дизајнерот "Christian Louboutin", но сигурно дека вакво нешто повеќе ќе им се допадне. Кондурите се украсени со 2,200 дијаманти, а штиклата е толку висока што тие пари сигурно не гарантираат и удобност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: