19 Декември, 2025
0.0538

Нова инвестиција во Македонија

Објавено во: Економија 12 Април, 2013 14:18

Добивај вести на Viber

Инова Технологии, најголемата европска компанија за рециклирање на гуми ќе инвестира во Македонија во Индустриската зона во Тетово. Компанијата е сопственик на најголемиот капацитет во Европа за рециклирање на гуми преку пиролитички процес од кој се добиваат три производи, течно гориво,челична жица и тонер. Договорот за инвестирање  е потпишан денес од страна на Министерот за животна средина на Македонија, Абдулаќим Адеми,  Директорот на агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида и претставници од компанијата Инова Технологии  во Гебзе, Турција. Компанијата Инова Технологии  практикува производствени процеси со примена на најнови технологии кои овозможуваат рециклирање на гуми со целосно избегнување на загадувањето на животната средина кои инаку по природен пат имаат период на разложување од 1000 години. Проектот е инициран од промоторот на Македонија во Истанбул, Филиз Вели и генералниот конзул Зерин Абаз. Како што најавуваат од Агенцијата, се очекува брзо реализирање на оваа инвестиција. Делегацијата ја посети и индустриската зона Гебзе Ѓузлер и индустриската комора на Коџаели каде што се сретнаа и со претседателот на комората и претставници на компании од автомобилската индустрија. Беа договорени и посети на неколку компании во Македонија каде што домаќин ке биде Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, изјави директорот Фида.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба