Нова провокација од Бугарија? Претседателот на згаснатиот „Ванчо Михајлов“ примен во бугарското МНР

Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2025 13:03
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, денес во Министерството за надворешни работи во Софија го прими претседателот на згаснатиот културен клуб од Битола, Иван Михајлов“, Љупчо Георгиевски.
„Најважното нешто во целиот период на тешкотии низ кои поминавте беше да знаете дека Бугарија стои зад вас - со целата сила на својата влада, своите институции, своето претставување во Република Северна Македонија. Длабоко не веруваме во мотивите што беа објавени против вас и во предметот на вашиот случај“, му рече министерот за надворешни работи Георгиев на Љупчо Георгиевски.
Средбата се одржа, како што беше соопштено, во контекст на зголемените напори на бугарската држава за заштита на правата на Бугарите во Република Северна Македонија.
Основниот суд во Битола го осуди Љупчо Горгиевски, поранешен претседател на сега веќе згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“, на една година затвор, условно. Пресудата се однесува на кривичното дело „величење на лик и дело“ на контроверзниот водач на ВМРО Иван (Ванчо) Михајлов, обвинение што Обвинителството го врзува со поттикнување национална и расна омраза преку интернет-објави.
Можеби ќе ве интересира
Халкидики: Исчезна 33-годишна жена од Србија во Пефкохори - волонтери ја бараат

Вучиќ за Ѓоковиќ: Mоже да зборува против мене колку сака, ако јас кажам нешто лошо би било смешно

Стан од 6 квадратни метри во Нови Сад има цена што ќе ве шокира

Рама бара разрешување на сите заменик-градоначалници: Ги гледам истрошени, разочарани, без инспирација

Американец купил куќа во Хрватска за 5.000 евра: Еве како се одлучил за оваа „авантура“

МАРТА КОС: Албанија напредува со темпо „без преседан“

(ФОТО+ВИДЕО ГРАД ГО ПОБЕЛЕ СЛАВОНСКИ БРОД: Има штети на куќи и возила

ОВА ГИ НАСМЕА ЛУЃЕТО: Силниот ветер на граница однесе мобилен тоалет од Хрватска во Србија
