НОВА ЗАБРАНА ВО ВУХАН: Нема јадење, чување и ловење на диви животни
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Мај, 2020
Кинескиот град Вухан и официјално забрани јадење диви животни.
Вухан ќе стане „резерват за диви животни“, така што ќе биде забрането ловење на диви животни, со исклучок за „научни истражувања, регулирање на популацијата на одредени видови, следење на епидемиолошки болести и други специјални околности“.
Се забранува одгледување на диви животни за храна. Властите ќе дадат парична помош на фармерите кои досега се занимавале со одгледување на диви животни за храна.
Вухан, град од 11 милиони жители во провинцијата Хубеј, ги регистрираше првите случаи на коронавирусот лани во декември.
Градот презема акција да ги тестира сите свои жители.Имаше разни верзии, дека вирусот мутирал кај лилјаците, дека се проширил од пазар во Вухан и слично.
СЗО одобри да се спроведе истрага за смртоносниот вирус и како тој брзо се прошири во светот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.