03 Мај, 2024
0.0262

Нова зграда никнува во Карпош: ДУП кроеа едни советници, одобрение дале други

Објавено во: Економија 24 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Параван, градежна механизација на местото каде претходно се наоѓаше пералница за автомобили и стара барака. Нова зграда никнува во општина Карпош на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Тафталиџе, близу маркетот Веро. На местото пред пожарникарската станица ќе се гради објект за домување кој и претходно бил предвиден во деталниот урбанистички план. Сепак одобрението за градење е издадено во ноември годинава. Во близина на оваа зграда во последниот период се изградија и други згради за живеење, меѓу нив, и таа на градежната компанија Настел која има прилично голем број станови.

Фактор упати прашање до општина Карпош за тоа што е планирано да се гради на оваа локација и кои се инвеститорите. Од минатата недела местото е обезбедено и заградено со градежен параван. Од општината велат дека според важечкиот ДУП на посочената парцела е предвидена намена на градба А2-Домување во станбена зграда. 

„Издадено е Одобрение за градење од 19 ноември годинава, на инвеститорите Друштво за трговија "СМС ШОПС" Дооел експорт – импорт Скопје и Наџи Шабан од Скопје, за градење на објект А2:Домување во станбени згради, на улицата "Митрополит Теодосиј Гологанов", бр.бб, стои во одговорот од општината.

Велат дека според геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште сосопственици на земјиштето се Друштво за трговија "СМС ШОПС" Дооел експорт – импорт Скопје, Наџи Шабан од Скопје и Георге Пасков од Мокрино.

Додаваат дека ДУП-от за овој дел од Карпош односно таму каде што се наоѓа маркицата е донесен од претходниот состав на Советот на општината или составот од 2013 до 2017 година, што значи дека е важечки.

Деновиве е актуелно прашањето за изградбата на објекти и забраните кои ги ставаат општините па градежниците имаа поплаки. Сепак некои градежни работи не се запрени.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма