19 Декември, 2025
0.2954

Новата еврообврзница и политичка криза удрија врз кредитниот рејтинг на Македонија

Објавено во: Економија 20 Август, 2016 09:53

Добивај вести на Viber

Од ББ+ кредитниот рејтинг на Македонија падна на ББ. Ова го покажува најновиот извештај на кредитната рејтинг агенција „Фич“ објавен вчера. Во извештајот е нотиранo и намалувањето на долгорочните обврзници во локална и странска валута кои паднаа од „ББ+“ на „ББ“. Фич забележува  дека кредитниот рејтинг паднал на пониско ниво поради политичката криза во земјава која почна од објавените скандали и обвиниувања за корупција во власта во февруари минатата година, при што Фич нотира дека „обвинувањата за корупција ги потврдуваат недостатоците во стандардите на добро владеење“. Според извештајот она што влијаело за пад на рејтингот на Македонија се и повеќе месечните протести, неуспехот кој произлезе од пржинскиот договор и пропаднатите предвремени парламентарни избори во април и јуни оваа година. Се наведуваат и опструкциите кои се прават во однос на работата на СЈО, а „Фич“ ни забележува и за последното задолжување од 450 милиони евра во јули. „Фич“ претпоставува дека Македонија ќе продолжи со мерките на монетарната и фискалната политика во согласност со курсот на локалната валута на еврото. Во однос на прашањето со името, ФИЧ нотира дека во близина нема решение и клуч со кој Грција ќе го отклучи патот на Македонија кон членство во НАТО и во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба