09 Мај, 2024
0.0319

Новaтa Шкода Октавија пристигна и во Македонија

Објавено во: Стил 08 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Автомобилот прогласен за „Најдобар дизајн на годината" од страна на списанието„AutoDesign & Styling" генералниот импортер за Шкода- Порше Македонија го донесе и во земјава. Еден од најпродаваните и најпопуларни модели на Шкода сега има поголем простор, иновативна безбедност, поелегантен дизајн, висока функционалност, и како што посочуваат од компанијата, овозможува пријатно возење по одлична цена.

Третата генерација на Октавија нуди омфорен простор за пет патници. Има должина од 4.7 метри, широчина од 1,8 метри, како и најголем багажен простор во класата со волумен од 590 литри. Внатрешноста е надополнета со најмодерни технолошки додатоци, високо-квалитетни материјали, беспрекорна финална изработка и нов мултимедијален систем преку кој можат да се менуваат параметрите на возилото.

Автомобилот има пет ѕвезди на „Euro NCAP“ тестот, кој потврди дека новата Шкода дава одлична заштита за патниците и за пешаците и има бројни помошни системи за безбедност. Опремен е со девет воздушни перничиња, а за прв пат во моделот се вградени и воздушни перници за колена од страна на возачот, што е задолжително за земјите членки на ЕУ, како и странични воздушни перничиња. „Понудата на мотори се состои од четири најсовремени TSI турбо бензици (од 1.2, 1.4 и 1.8 литри) и веќе докажаните четири турбо - дизел мотори со Common - rail систем на вбризгување (1.6 и 2.0 литри), а ќе може да се одбере помеѓу рачен или DSG менувач. Во споредба со своите претходници, моторите се многу помоќни и поефикасни, а потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови е намалена за дури 19 проценти. Како најекономична се издвојува GreenLine верзијата, која има потрошувачка од само 3,4 литри гориво на 100 километри и емитува CO2  од само 89 g/km“, посочуваат од компанијата.