19 Април, 2024
0.0259

Новата студена војна се стопи - стана жешка

Објавено во: Колумни 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Штом  во една држава како нашата, за миг,  ударните вести на сите национални телевизии, не започнуваа со меѓусебните препукнувања и обвинувања на нашите трагикомични политички ликови, а со настаните околу воените судири на САД и Иран, тогаш, веројатно ѓаволот ја однел шегата. Особено што нашата, патетична и хистеризирана со домашна политика ФБ јавност, исто така за миг во центарот на своето внимание во своите ФБ статуси ја третираа оваа тема, што значи судирот заслужува целосно внимание за темелна и објкетивна анализа. Многумина побрзаа да ја прогласат за започната третата светска војна, други пак, да ги предвидуваат следните чекори околу овој воен судир кој има застрашувачки потенцијал,и може не само поширокиот регион, туку и светот да го вовлече во тотален судир. Во морето на неизвесности, лажни информации, и полушпекулации, едно е сигурно- никој жив со целосна сигурност и предвидливост не може да ги предвиди наредните чекори од  двете директно  завојувани страни, но тлее сериозната опасност , овој воен судир да ги вовлече и останатите регионални воени играчи ( Израел и Саудиска Арабија), и помалите соседи Кувајт, Катар и ОАЕ ( сите до еден американски сојузници на Блискиот Исток).

Накаде води ова лудило?!

 Ова значи дека секој понатамошен непромислен чекор на американскиот претседател и иранското воено-политичко раководство, може да ги премине апстрактните црвени линии, и да се навлезе во состојба од која враќање назад и ќе нема. Од таквата предвидлива состојба, никој пак не може да предвиди кои ќе бидат конечните последици, колку воени и цивилни жртви би имале двете директно засегнати страни, но и останатите индиректно  засегнати страни. Сепак, лично исклучувам воено-копнена интервенција на САД во Иран, бидејќи Иран не е ниту Ирак, ниту Авганистан. Шиитската нација е неколку пати територијално, воено и по население поголема и помоќна држава од Ирак, етничко-религиски хомогена, па нова воена „ авантура“ на Јенките на Блискиот Исток би била невидена катастрофа. Американската јавност е уморена и воопшто не би одобрила нова децениска истоштувачка војна со неброени воени жртви на американска страна, а за потрошените милијарди евра  воен трошок- и не станува збор, но кој ја прашува американската јавност, кога американскиот прв човек, не ги прашува за совет ниту своите најблиски воено- безбедносни советници, туку му „ робува “ на својот авторитарен и инфантилен карактер. Дали Доналд Трамп презеде „ операција “ во Иран, за да си го поткачи своето маскулинско его, и својот низок и во надолен тренд  рејтинг,  во очи на американските избори оваа година, на кои очигледно актуелниот американски претседател ќе претендира на нов мандат?! Непредвидливиот потстанар на Белата куќа од самиот почеток на својот мандат, покажуваше исклучителна нетрпеливост и омраза токму кон Иран. Да, тој на почетокот се закануваше со „ бес и оган кон малото ракета човече“, односно воена интервенција кон Северна Кореа, но наместо бес и оган видовме прегратки и бакнежи, па дури имавме и самит на највисоко дипломатско ниво меѓу двете земји, т.е двата претседатели  да имаат и официјална средба. Не дека американско- севернокорејските односи значително се подобрија, и се нормализираа, но освен по некоја изјава, која само ги актуелизира тие  со децении  тензични односи,  но таму ситуацијата е сосема и прилично добра.

Што сакаат да постигнат Американците?!

 Од друга страна пак, заканите кон Иран, не останаа само закани, како кон Северна Кореа. И ова што се случи ( убиството на највисокиот ирански генерал Касим Сулејмани и ракетирањето на американските воени бази во Ирак), се невидено опасни настани и преседани по регионалната и светска безбедност. Бидејќи и онака овој регион е безбедносно фрагилен, растргнат од насилство и граѓански војни, овие нови воени конфликти, како црна дупка може наеднаш да ги проголтаат  сите во бесконечна војна на сите против сите . Граѓанската војна во Сирија е еклатантен пример за тоа лудило на микро ниво: како во една  држава може да се случи бестијалност на човечкиот вид , и каде што на крајот, нема да се знае кој со кого и против кого војува. Американските власти, можеби, овие ситуации ги наговестија со повлекувањето на САД од повеќепартитниот договор со кој се регулираше иранската нуклеарна програма, но не е јасна крајната цел на Американците и самиот претседател. Дали тоа, преку американските економски санкции да се издејствува целосно повлекување на нуклеарните планови на Иранците( што е многу наивно и неизводливо), или пак да се предизвика токму тоа, што и се предизвика- воен судир, за кој  Америка ги нуди своите аргументи. Целиот свет е под стрес и во грч, после овие воени разменувања и воени одговори. Иранската  јавност е бесна и гневна, па дури имаше и цивилни жртви од стампедото кое беше предизвикано на самата погребална церемонија на Сулејмани, но и американската јавност е особено  надмена кога станува збор за гордоста и големоста на американската јавност. Првите две светски војни започнаа и се водеа на тлото на Европа, третата ( фантазмагорична), која е во проекциите на  воените стратези, кои можеби и сакаат да го втурнат човештвото во својата последна епизода. Сепак, ова не е ниту  1914 година, ниту 1939, така што нова светска авантура на воените профитери, при уништувачкото и разорно нуклеарно оружје, може човечкиот род  да го чини и самиот негов опстанок.


Благојче Атанасовски - политиколог 

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок