Нови 1.800 вработувања од социјални семејства
Објавено во: Економија 19 Април, 2013 12:53
Владата со нова мерка ќе поддржи 1.800 нови вработувања на млади лица од социјално ранливи семејства. Огласите ќе се објавуваат од наредниот месец на секои два месеца, а вработувањата ќе се реализираат кај работодавачи кои ќе поднесат барање до Агенцијата за вработување.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев претставувајќи ја новата мерка на Влдата рече дека за нејзина реализација, што предвидува вработувања меѓу 1.500 до 1.800 лица на возраст од 19 до 29 години.
Владата ќе одвои три милиони евра. Субвенцијата работодавачот ќе ја добива во период од шест месеци со обврска лицето кое е вработено преку оваа мерка да го задржи уште дополнителни шест месеци. Поддршката за работодавачот изнесува 14.000 денари за задоволување на бруто платата и дополнителни 3.000 денари за доквалификации.
Преку мерките за поддршка на вработувањата што ги промовираше Владата годинава, заедно со денешната ќе поддржи 10.000 нови вработувања.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




