НОВИ 20 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД -19: Почина 63-годишен пациент од Скопје
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Мај, 2020
За 24 часа направени се 744 тестирања за коронавирус, а регистрирани се 20 нови случаи, од кои 16 се во Скопје, и по два во Куманово и Прилеп.
Од Министерството за здравство информираат дека во болницата „8 септември“ починал 63-годишен пациент од Скопје, примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на Ковид-19, а како позитивен бил потврден ден подоцна.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 24 оздравени пациенти од кои 4 се од Скопје, Куманово-3, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и двајца во Битола.
Вкупната бројка на дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, бројката на оздравени пациенти е 1.411, на починати е 113.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.