22 Ноември, 2024
0.0297

Се тестираат нови 7 сомнителни на коронавирус, дел од нив вратени од ризични земји

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Нема нови дијагностицирани од коронавирус a  во овој момент се тестираат седуммина пациенти со симптоми на грип.

Првата пациентка е испуштена на домашно лекување, а сите кои биле во контакт со неа се здрави покажале тестовите, соопшти министерот Венко Филипче на прес конференцијата.

Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти , од кои 13 се на инфективната клиника, а пациентката која е на респираторната машина е стабилна.

Добра е состојбата на пациентите во Дебар, со добра клиничка слика се сите тие и се на домашно лекување.

Во овој момент се тестираат седуммина пациенти тројца се од Дебар и тие имаат симптоми на грип, двајца пациенти во Штип и двајца кои се на Инфективна, тие четворица се со анамнеза дека патувале во Австрија и Германија во изминатиов период, кажа министерот.

На ниво на Влада се состанал кризниот штаб утринава.

Кризната состојба во Дебар и Центар жупа е под контрола, нема проблеми, луѓето се мирни и се држат до мерките на надлежните , рече уште министерот.

 Луѓето покажуваат исклучително висок степен на дисциплина, посочи Филипче.

Во овој регион се проширува бројката на луѓе кои се тестираат со цел детално да се скенира состојбата.

– Се проширува бројката на луѓе кои се тестираат. Очекуваме во тек на денов или во тек на утрешниот ден да стигнат меѓу 40, 50 дури и 80 луѓе со цел детално да се скенира овој регион, рече Филипче, додавајќи дека координацијата на здравствените работници во Дебар е добра.

Новина е тоа што Клиниката за психијатрија почнува со психолошка поддршка и оти ќе се ослободи од работа еден од родителите на деца со цистична фиброза. Подготвен е и списокот на лекари, анестезилози и медицински сестри кои би ротирале доколку има потреба.

– Искрено се надевам дека нема да дојде до тоа сценарио да имаме многу пациенти на машина за дишење. На располагање се близу 440 медицински сестри, 200 анестезиолози од целата држава, подвлече Филипче.

Во 19 часот  е закажано нова седница на Владата по што министерот ќе информира за најновите одлуки што ќе бидат донесени.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР