15 Декември, 2025
0.0436

Нови атрактивни услови за штедачите на Прокредит банка

Објавено во: Мои пари 19 Август, 2014 09:47

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка, како банка со германски капитал на македонскиот пазар донесе новина за штедечите: штедење на штедна сметка со одлична каматна стапка и највисока достапност - нешто шо е навистина препознатливо и во Германија и сите западно европски земји. Сега штедачите може да вложуваат според сопствената динамика - тогаш кога можат и имаат расположливи средства, а истите им се достапни во кој било момент од банкомат. Каматната стапка е навистина висока, ако се спореди со ваквиот тип на штедење на пазарот и е изедначена со каматните стапки на орочените депозити. Дополнителна предност е што за да се започне да се штеди не е потребно голем влог, како што е случај со ороченото штедење во речиси сите банки кај нас. „Со овие одлични услови за штедење на штедна сметка, сакаме да ја поттикнеме навиката за редовно одвојување на средства кај македонксите граѓани.  Штедачите воопшто не се зависни од работното време или локацијата на експозитурата: може да вложуват преку електронско банкарство или со траен налог дирекно од нивната транскациска сметка“, изјави Горан Хаџипетров, Директор на сектор за физички лица. ПроКредит банка, е дел од ПроКредит Групацијата со седиште во Франкфурт Германија. Со своето 11 годишно присуство на пазарот дава значаен придонес за градење на културата на штедење на граѓаните, не само преку одлични услови, туку и иновативни производи кои секој клиент може да ги прилагоди на својата динамика и буџет. Заштедите од штедачите се инвестирани во равојно ориентирани цели: поддршка на домашни бизниси, високо потенцијален агро сектор, инвестиции во енергетска ефикасност и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија