15 Декември, 2025
0.0408

Нови дестинации и нов авион го забрзуваат растот на flydubai

Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2014 11:35

Добивај вести на Viber

Авиокомпанијата ги додаде Босна и Херцеговина и Хрватска, најави детали за летовите за Казахстан и ја презема нарачката од три нови авиони

Авиокомпанијата flydubai, со база во Дубаи, продолжува со експанзијата на нејзината мрежа во Централна и Источна Европа, со додавање на Сараево во Босна и Херцеговина и Загреб во Хрватска. Овие две нови дестинации, кои ќе станат оперативни од декември оваа година, го зголемија бројот на дестинации кои превозникот ги опслужува во Централна и Источна Европа и во Заедницата на Независни Држави на вкупно 26. Авиокомпанијата тогаш ќе опслужува вкупно 75 дестинации во рамките на 5 ипол часовен радиус од Дубаи. Со цел да го поддржи континуираниот раст на својата мрежа и да додаде поголема фрекфентност на веќе постоечките дестинации, flydubai во јули ќе ја преземе нарачката на три авиони од типот Боинг 737-800, со што ќе ја зголеми својата флота на 39 авиони. Авиопревозникот дополнително ќе добие уште четири нови авиони до крајот на 2014 година. Коментирајќи на стартот на новите летови, Главниот извршен директор на flydubai, Гаит Ал Гаит изјави: „Остануваме фокусирани на отворање на пазари кои се недоволно опслужувани и засилување на воздушните линии од авијацискиот центар на Дубаи кон регионот. Новите летови кон Босна и Херцеговина и Хрватска претставуваат нови можности за патување, трговија и туризам за патниците од двете земји, како и од ОАЕ.” flydubai ќе биде првиот авиопревозник кој ќе оперира со директни летови од Дубаи до Сараево и Загреб. Авиокомпанијата е исто така првиот авиопревозник со база во Дубаи кој ќе лета за Алмати и Шимкент во Казахстан, а летовите кон овие дестинации ќе започнат во септември. Дополнително, Бизнис класата ќе биде достапна на сите четири дестинации, овозможувајќи им на патниците дополнителна удобност и комфор додека патуваат. Џејхун Ефенди, Сениор Заменик комерцијален претседател (OАЕ, ЕУ, МЕ, ЦИС) на flydubai изјави: ”Казахстан е растечка економија со голем број на можности за инвестирање и возбудливи туристички атракции, додека Босна и Херцеговина и Хрватска имаат изобилство од природни убавини и култура за откривање. Ни претставува задоволство да обезбедиме директна авиоврска до овие дестинации.” Авиопревозникот ја има најсеопфатната мрежа од сите авиокомпании на Средниот Исток до регионите на Централна и Источна Европа и на Заедницата на Независни Држави и има развиено мрежа од: девет дестинации во Русија, три во Украина, две во Казахстан, како и летови кон Ашгабат, Баку, Белград, Бишкек, Букурешт, Чисинау, Душанбе, Сараево, Скопје, Тбилиси, Јереван и Загреб. Детали за летовите: Алмати flydubai ќе оперира четири пати неделно помеѓу Дубаи и Алмати, почнувајќи од 16 септември 2014 година. Летот FZ701 ќе полетува од Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 09:10 часот, пристигнувајќи на Алмати Интернационалниот аеродром во 15:20 часот по локално време. Летот FZ702 ќе полетува од Алмати Интернационалниот аеродром во 16:20 часот по локално време, слетувајќи на Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 19:00 часот по локално време. Билети во два правци Повратните билети за Економска класа од Дубаи до Алмати ќе започнуваат од 1750 арапски дирхами, вклучувајќи 20 килограми багаж за чекирање, додека повратните билети за Бизнис класата ќе започнуваат од 5950 арапски дирхами, во кои се вклучени сите такси, како и 40 килограми чекиран багаж. Шимкент flydubai ќе оперира два пати неделно помеѓу Дубаи и Шимкент, почнувајќи од 19 септември 2014 година. Летот FZ703 ќе полетува од Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 09:10 часот, пристигнувајќи на Шимкент Интернационалниот аеродром во 14:50 часот по локално време. Летот FZ704 ќе полетува од Шимкент Интернационалниот аеродром во 15:50 часот по локално време, слетувајќи на Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 17:45 часот по локално време. Билети во два правци Повратните билети за Економска класа од Дубаи до Шимкент ќе започнуваат од 1600 арапски дирхами, вклучувајќи 20 килограми багаж за чекирање, додека повратните билети за Бизнис класата ќе започнуваат од 6750 арапски дирхами, во кои се вклучени сите такси, како и 40 килограми чекиран багаж. Сараево flydubai ќе оперира два пати неделно помеѓу Дубаи и Сараево, почнувајќи од 8 декември 2014 година. Летот FZ761 ќе полетува од Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 09:45 часот, пристигнувајќи на Сараево Интернационалниот аеродром во 13:00 часот по локално време. Летот FZ762 ќе полетува од Сараево Интернационалниот аеродром во 13:50 часот по локално време, слетувајќи на Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 22:00 часот по локално време. Билети во два правци Повратните билети за Економска класа од Дубаи до Сараево ќе започнуваат од 370 евра, вклучувајќи 20 килограми багаж за чекирање, додека повратните билети за Бизнис класата ќе започнуваат од 1400 евра, во кои се вклучени сите такси, како и 40 килограми чекиран багаж. Загреб flydubai ќе оперира четири пати неделно помеѓу Дубаи и Загреб, почнувајќи од 16 демекври 2014 година. Летот FZ767 ќе полетува од Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 09:40 часот, пристигнувајќи на Загреб Интернационалниот аеродром во 13:00 часот по локално време. Летот FZ768 ќе полетува од Загреб Интернационалниот аеродром во 13:45 часот по локално време, слетувајќи на Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 22:00 часот по локално време. Билети во два правци Повратните билети за Економска класа од Дубаи до Загреб ќе започнуваат од 390 евра, вклучувајќи 30 килограми багаж за чекирање, додека повратните билети за Бизнис класата ќе започнуваат од 1600 евра, во кои се вклучени сите такси, како и 40 килограми чекиран багаж.

Летовите ќе можат да се резервираат од 16 јули преку веб страницата на flydubai (flydubai.com), преку call центарот (+389 2 3211 133), flydubai продажните салони или преку партнерите на компанијата.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија