06 Декември, 2025
0.0298

Нови детали: Лекарите и ја спасиле раката на водителката на „Пинк“ Деа

Објавено во: Стил 07 Февруари, 2019 14:59

Добивај вести на Viber

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила рано утринава во соседна Србија пред болницата „Драгиша Мишовиќ“ три лица се повредени, а меѓу нив била и водителката на Утринската програма „Ново утро“ на ТВ Пинк Деа Ѓурѓевиќ.

Таа како и останатите повредени, е  пренесена на клиника ВМА а најдобриот тим лекари работел на тоа да се стабилизира здравствената состојба на популарната водителка од соседството.
Како што пишува српски Пинк, операцијата на која била подложена е завршена успешно и таа се опоравува. 
Цело време покрај неа биле нејзината мајка и дечко, новинарот од истата телевизија Младен Мијатовиќ.
Како што објавивме претходно водителката кога се случила несреќатаа била на пат кон работа. Тогаш излегла од автомобилот да види што и како се случило но градски автобус ја удрил во раката. Лекарите се бореле да и ја спасат, а изгледа и успеале во тоа.

СЕ ЈАВИЛА ДЕКА ДОЦНИ, А ПОТОА СЕ ЧУЛ ВРИСОК: Водителката на „Пинк“ Деа опасно повредена во несреќа


Foto: Printscreen Instagram/deadjurdjevic

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: