20 Декември, 2025
0.0364

Нови мерки за стипендии и бесплатно дооформување на образованието

Објавено во: Економија 18 Април, 2013 11:56

Добивај вести на Viber

Две нови мерки во делот на стипендиите и дооформување на образованието, донесе Владата. Едната се однесува на плаќање на полна стипендија за сите ученици кои ќе се запишат на постдипломски студии на најреномираните факултети. Владата ќе ги исплаќа сите трошоци за школарина и престој. Единствена обврска на студентите кои ќе добијат ваква стипендија е по завршувањето на студиите да работат во Македонија во двојно поголем период отколку што им траеле студиите. Поконкретно, се работи за студенти кои ќе се запишат на најреномирани универзитети во светот од областа на филм, музика и ликовна уметност. Втората мерка е по барање на граѓаните за обезбедување на бесплатно дооформување на образование. -Оние кои имаат завршено тригодишно стручно образование, а немаат четврта година, со оваа мерка ќе можат тоа да го направат бесплатно. Досега за ова плаќаа 2.500 денари годишно и 1.000 денари по испит, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на владата. Тој најави дека од следната година нема да има трошоци и за оние коишто имаат само основно образование, а сакаат дополнително да завршат средно.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба