20 Декември, 2025
0.0490

НОВИ ОГЛАСИ: УЈП вработува 40 лица, платата до 38.000 денари

Објавено во: Економија 03 Март, 2021 08:52

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи распиша оглас за вработување на 40 извршители на определено работно време. Новите работни позиции, како што стои во објавениот оглас, се отвараат поради привремено зголемен обем на работа до крајот на тековната 2021 година. 

Управата бара лица на повеќе позиции. Во Дирекцијата ќе се вработуваат извршители на главно пониски позиции односно помлад асистент или помлад референт, но платата е нешто над 30.000 денари или околу 500 евра. Нови вработувања ќе има и во Дирекцијата за големи даночни обврзници, каде исто така платата е 500 евра. 

Но на огласот има отворени работни позиции и за регионалните канцеларии во Скопје, во Битола, Прилеп, Тетово и Струмица. Од нив најмногу се за во Тетово. Платите на новите вработени за кои е отворено место се движат од 24.000 до 38.000 денари.

Се бара високо образование, а огласот трае до утре.

Инаку ког во јануари беше презентиран планот за вработување на лицата кои биле вработени по Рамковен догово а седеле дома, првиот вицепремиер Артан Груби рече дека УЈП е една од институциите каде ќе се вработат најмногу од овие луѓе. УЈП важи за една од најпосакуваните државни институции каде и платите и условите за работа се меѓу подобрите во администрацијата. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба