Нови правила за одобрување возила од 1 септември: Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании
Објавено во: Економија 25 Август, 2025 13:59
„Го зајакнуваме системот на доверба меѓу институциите и импортерите, со јасни правила и навремена услуга за граѓаните. Ова е значаен чекор за приближување кон европските стандарди и подобрување на квалитетот на услугата која ја добиваат нашите граѓани“, изјави министерката Божиновска.
Клучни промени во постапките за одобрување на возила:
· Одобрување на тип на возило за сите негови варијанти и изведби според WVTA документот, освен ако импортерот не побара поинаку.
· Единечно одобрување ќе се врши исклучиво за возила за кои не е одобрен типот во РСМ и немаат одобрение за тип во ЕУ преку Биро за метрологија. Возила со претходно одобрен тип во ЕУ или во РСМ немаат потреба од посебна постапка за единечно одобрување и директно одат во постапка за идентификација и оцена на техничката состојба.
· Импортерите имаат обврска да издаваат потврди за исполнетост на техничките барања за сите возила за кои постои европско одобрение на тип (WVTA) или национално одобрување на тип. За останатите возила за кои немаат возила не постои одобрение на тип во РСМ или не постои одобрение на тип во ЕУ, импортерите немаат обврска да ги издаваат потврдите, ваквите возила ќе обезбедуваат потврди од независни институции прифатени од Бирото за метрологија.
· Грубата пресметка вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало – процесот сега ќе се регулира преку овластените застапници, домашни македонски компании.
· Роковите за одобрување на тип во Бирото за метрологија ќе бидат скратени двојно, за побрза и поефикасна постапка.
· Цените на услугите од Биро за метрологија ќе се регулираат со нов правилник.
· Потврдите за исполнетост на техничките карактеристики кај застапниците ќе чинат 40-50 евра.
Министерството нагласува дека соработката со застапниците е клучна за успешна примена на Законот и изграден функционален систем на доверба.
„Градиме партнерски однос со импортерите како клучен елемент во процесот на усогласување со европските стандарди. Граѓаните треба да се чувствуваат заштитени и поддржани при секоја постапка за одобрување на возила“, додаде министерката Божиновска.
Министерството ќе продолжи со заложби за поедноставување на постапките во надлежност на Биро за метрологија, сè со цел граѓаните да добиваат поефикасна, транспарентна и достапна услуга.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




