26 Април, 2024
0.1429

НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ МОЖНИ УШТЕ ДЕНЕСКА - Владата го чека „аберот“ од состанокот во Министерството за здравство

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Владата уште нема закажано седница на која би се носела одлука за воведување на нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот, но извори оттаму тврдат дека не е исклучено седница да се закаже во секој момент.
Како и да е, Владата ќе ги чека одлуките од состанокот кој почна денеска во 13 часот, меѓу министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести, но и други релевантни фактори во земјава. 
А од Министерството за здравство информираа во каков состав ќе се одржи состанокот, односно дека покрај министерот Филипче, на него ќе присуствуваат и членови на Комисијата, но и претставници на МВР и на центрите за јавно здравје.  
Потврдено е дека на состанокот ќе се разговара и за дополнителни мерки.
„Министерството за здравство информира дека денеска во 13 часот, министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи. Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот. На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки. Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата на Република Северна Македонија и кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување“, се вели во соопштението од Министерството за здравство. 

А ова следува откако во изминатово деноноќие беше регистриран огромен број на новозаболени од коронавирусот, односно дури 101 граѓани. 

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Во изминатото деноноќие од компликации од Ковид-19 починале четворица пациенти. Од новозаболените дури 59 луѓе се од Скопје, од Куманово се 12, а од Штип седум луѓе. 

А од мерките кои беа споменати како можни, се наведуваше повторно воведување на полицискиот час во општините каде што е најголем бројот на новозаболени од КОВИД-19 во овие неколку дена.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката