15 Декември, 2025
0.0323

Нови санкции за Русија и од Јапонија

Објавено во: Свет 05 Август, 2014 10:46

Добивај вести на Viber

Јапонија формално одобри нови санкции за Русија, кои вклучуваат замрзнување на имотите за 40  поединци и две групи кои ги поддржуваат проруските сили во Украина. Истотака, забранет е увозот на сите производи од Крим, соопшти секретарот на јапонската Влада Јошиде Суга. Тој нагласи дека санкциите кон Русија се во согласност со мерките што за оваа земја неодамна ги усвоија САД. И покрај санкиите, Јапонија и натаму е отворена за дијалог со Русија и се надева дека може да помогне за мирно решавање на ситуацијата во Украина, во соработка со меѓународната заедница и членките на Г7, вели Суга. Во претходниот период Јапонија ги запре билатералните разговори со Русија за одредени прашања и воведе забрана за издавање визи за 23 руски државјани, чии имиња не се објавени. Односите меѓу Јапонија и Русија со години се оптоварени со територијалниот спор околу Курилските Острови заради коиј двете земји никогаш не потпишаа мировна спогодба по крајот на Втората светска војна.

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела