17 Мај, 2024
0.0279

НОВИ СЕЗОНСКИ ЛЕТОВИ: ТУИ ќе почне со летови Ајндховен-Охрид во 2018 година

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Холандскиот тур-оператор ТУИ Холандија ќе воведе нови сезонски летови од Ајндховен до Охрид во летната сезона во 2018 гoдина, објавува ТАВ Македонија. ТУИ ќе ги реализира летовите со нивната авиокомпанија – ТУИ флај.

ТУИ веќе лета на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридското Езеро секоја година, а сега ќе воведе втора авионска конекција со охридскиот аеродром. Авионите на холандскиот тур-оператор ќе летаат на новата линија, секој понеделник и петок, поврзувајќи ги аеродромите во Ајндховен и во Охрид.Ајндховен е лоциран во јужниот дел од Холандија и е блиску до белгиската граница.

Среќни сме што ТУИ ги проширува своите операции носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи повеќе туристи на прекрасната охридска ривиера. Се надеваме дека турите на ТУИ ќе привлечат не само туристи од Холандија, туку и туристи од други европски земји, коишто ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат редовни посетители, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што објавија официјалните претставници на ТУИ, сезонските летови од Ајндховен треба да донесат од 3.000 до 3.500 патници на охридскиот аеродром, додека вкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, ТУИ очекува да донесе 15.000 туристи на Охридското Езеро следната година. 


-Веќе сообраќаме на линијата Амстердам–Охрид, а сега ќе почнеме со летови од Ајндховен до Охрид, двапати неделно, односно секој понеделник и петок, почнувајќи од 11 мај до 21 септември.Главната причина за воведување на оваа сезонска линија е поради тоа што сакаме да привлечеме туристи и од Белгија.Сигурни сме дека можеме да го прошириме пазарот, изјави Жак Кријнон,  продукт-менаџер во ТУИ Бенелукс.


Како што изјавија претставниците на ТУИ, на оваа линија ќе сообраќаат воздухоплови од типот Боинг 737-800. Моменталниот распоред на летање предвидува заминувањето од Ајндховен да биде во 11:00 часот, додека пристигнувањето во Охрид е предвидено за во 13:35 часот. Од Охрид кон Ајндховен воздухопловите ќе заминуваат во 14:25 часот, а ќе пристигнуваат во Ајндховен преку Тиват во 18:50 часот. 

ТАВ Македонија ги заврши првите 11 месеци од 2017 година со13% пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1,9  милиони патници (1.876.304)на двата македонски аеродрома –Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид. Во исто време, бројот на летови е зголемен за 7%, достигнувајќи вкупно 16.756 летови. 


Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!