Нови станбени кредити од 2,5 проценти нудат НЛБ Тутунска банка и Адора Инженеринг
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2013 14:01
Нов станбен кредит со стапка од само 2,5% фиксна за првите три години од отплатата на кредитот воведе НЛБ Тутунска банка во соработка со Адора Инженеринг.
Во процесот на реализација на оваа понуда за единствен станбен кредит подеднакво учествуваат и двете компании, НЛБ Тутунска банка со намалување на каматната стапка на станбениот кредит, а Адора Инженеринг со субвенционирање на дел од каматата во периодот од првите три години од отплата на кредитот.
„Како резултат на долгогодишната соработка со Адора Инженеринг, воведовме нов продукт единствен од својот вид на пазарот – станбен кредит со досега историски најниска, единствена каматна стапка од 2,5% фиксна за првите три години од отплата на кредитот и без трошоци за одобрување за примени апликации за кредит до 31.07.2013 година, притоа каматната стапка за следните две години ќе биде 5,5% (фиксна каматна стапка) и 6,9% (променлива каматна стапка) за остатокот од периодот.
Вработените во НЛБ Тутунска банка преку срдечен пристап, достапност, професионалност, знаење и стручни совети им стојат на располагање на своите клиенти да ги испланираат своите финансии за купување на нов дом од Адора Инженеринг.
Заедничкиот проект помеѓу НЛБ Тутунска банка и Адора Инженеринг ќе трае 6 месеци.
Со само 2,5% камата, субвенционирана во првите три години од „Адора Инженеринг“, граѓаните на Македонија од сите социјални слоеви, сега можат полесно да станат сопственици на елитен квалитетен дом и со тоа да го решат животното прашање.
„Успехот од 10 годишното работење, потврден со европско признание за најуспешна компанија во 2012-та година, наградата за најеколошка компанија во 2013-та и изборот за градежен супербренд во Македонија за 2013/2014 година, компанијата на овој начин сака да го подели со своите купувачи на елитни станови и деловни простории, овозможувајќи им среќно домување и успешен бизнис“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




